ОПТИЧКИ КАБЛИ
ПРИДОБИВКИ – Придобивките од нашите решенија се: Ефикасно и економично решение согласно барањата на корисникот, брза и квалитетна изведба, Ефикасно одржување. Брзиот и бескомпромисен развој на модерните телекомуникациски системи и развојот на сервисите и апликациите, предизвикува потреба од сè поголем капацитет на пренос на податоци како низ основната мрежна инфраструктура така и до пристапните кориснички точки. Поради ова инфраструктурата со оптички кабли рапидно ја заменува постоечката со бакарни кабли, почнувајќи од основната мрежа, па во последно време и до локалните пристапни точки и до „малите“ домашни потрошувачи (FTTH).
Нашата компанија располага со стручност, сертификати за проектирање и инсталација, искуство и екипираност за поддршка и изведба на еден систем со оптички кабли, почнувајќи од проектирање, легализација, инсталација, пуштање во работа и одржување, во согласност со важечките процедури и стандарди на Република Македонија. Покрај изградбата на нови системи, нашата компанија е во можност да изготви проекти и изведе проширување на капацитетите на постоечката оптичка инфраструктура како и надзор и алармирање при промена
на дефинираните прифатливи параметри, што е исклучително важно за сопствениците на инфраструктура која е со мал капацитет или за неа се потребни строги услови за расположливост.
Нашите услуги во областа на инфраструктурно каблирање со оптички кабли вклучуваат:
Нашите услуги во областа на инфраструктурно каблирање со оптички кабли вклучуваат:
- Консултантски услуги: Избор на опрема и технологија врз основа на потребите на корисникот и планот за развој.
- Проектирање: Избор на траса и исцртување на карта во електронски формат, планирање на слабеење и изработка на премер на количини.
- Продажба: Нудиме производи од повеќе реномирани производители на опрема.
- Аквизиција и легализација: Посредување при договор со сопственици на имот низ кој треба да помине трасата и изработка на документација и проекти за добивање на градежна дозвола.
- Инсталација: Инсталирање на опремата и оптичката инфраструктура и пуштање во работа.
- Одржување: Екипа за одржување достапна и на располагање 24 часа на корисникот.