+389 2 2573 770
Пон - Пет: 08:00-16:00
ул.852, бр.62 (Нова Газела) Скопје

ИТ СИСТЕМ ИТЕГРАЦИЈА

ФОКУС – Нашите решенија се фокусирани на: Корпоративни ИТ решенија, Дата центри, Телефонија, VoIP, Сервери и фарми на сервери, Економично поврзување на оддалечени канцеларии, Firewall, Антивирус и интернет заштита и друго. Придобивките од нашите решенија се: Едноставна и сигурна комуникација, размена и чување на податоци, економичност и заштеда на средства и време, заштита на податоци од несакан упад, и друго.
code
Интеграцијата и организацијата на податочната и говорна мрежа, изборот на опремата и интероперабилноста можат да бидат голема главоболка и голем ограничувачки фактор на развојот и ефикасноста на компанијата. Сигурноста, расположливоста и доверливоста на комуникациското решение се императив во модерниот свет кој не опкружува. Постигнувањето на овие цели не ретко може да бара и значителни инвестиции, што несоодветното димензионирање го прави исклучително скапо.
Нашата компанија е во постојан чекор со новитетите на светскиот пазар и ги следи и гради нови системски решенија. Можете да се ослонете на нашиот стручен тим за проектирање и изведба на вашето системско комуникациско решение, согласно вашите сегашни и идни потреби. Нашата ориентација кон изградба на флексибилни и надградливи системи со јасен план за надградба, ви гарантира оптимално решение и трошоци, со инвестиции за развој согласно проширувањето на вашата компанија. Уште повеќе, голем дел од решенијата во можност сме да ги симулираме во просториите на нашата компанија, за да бидете убедени во исплатливоста и функционалноста на системот. Во можност сме да ви понудиме опрема од разни производители и софтверски решенија модифицирани согласно вашите потреби. Нашите услуги во областа на структурното каблирање вклучуваат:

  • Консултантски услуги: Избор на опрема и технологија врз основа на потребите на корисникот и планот за развој, како и план за инвестиции за поддршка на очекуваниот развој.
  • Проектирање: Детално планирање на потребните карактеристики на уредите и исцртување на поврзувањето меѓу уредите и наместеноста во ормарот во CAD/Visio.
  • Продажба: Нудиме производи од повеќе реномирани производители на опрема и софтвер (рутери, свичови, телефонски централи, софтвер, ормари,..)
  • Инсталација: Инсталирање и проектирање на уредите и интегрирање во една функционална целина.
  • Обука: Обука на персоналот за начинот на користење за правилно функционирање на системот.
  • Изведбена документација: Исцртување и обележување на изведената инсталација.
  • Одржување: Одржување на системите.
Сподели на:
Facebook TwitterLinkedInPin It
  •   СЛЕДЕТЕ НЕ НА FACEBOOK

  •   ПРОИЗВОДИ

    производи