+389 2 2573 770
Пон - Пет: 08:00-16:00
ул.852, бр.62 (Нова Газела) Скопје

ЕНЕРГЕТИКА

ФОКУС – Како важен дел од расположливоста на телекомуникацискиот систем и неговото правилно функционирање, во склоп со останатите телекомуникациски услуги, нашата компанија нуди и ниско напонска инсталација и опрема. Овој дел комуникациското решение е често потценет од инвеститорите, а проблемите настануваат при лошо проектирање и неодржливост на мрежата, при прекини на доводот, при пренапони и оштетување на опремата, при електромагнетни пречки во нормалното функционирање на опремата…
Нисконапонска инсталација
Нашите услуги во областа на ниско напонската (струјна) инсталација вклучуваат:

  • Проектирање: Детално планирање на потребната инсталирана моќност, планирање и интеграција на уреди за непрекинато напојување (UPS, Агрегат), заземјување, заштитата од пренапони, проектирање на разводните ормари, исцртување на каблирањето во CAD/Visio со изработка на премер на количини.
  • Енергетска согласност: Изработка на документација и посредување за добивање на енергетска согласност.
  • Продажба: Нудиме производи од повеќе реномирани производители на опрема и софтвер (ормари, кабли, осигурувачи, склопки, преклопки…)
  • Инсталација: Инсталирање на канали, ормари, кабли придржувајќи се до последните стандарди.
  • Изведбена документација: Исцртување и обележување на изведената инсталација.
Сподели на:
Facebook TwitterLinkedInPin It
  •   СЛЕДЕТЕ НЕ НА FACEBOOK

  •   ПРОИЗВОДИ

    производи