Нашите решенија се фокусирани на: Корпоративни ИТ решенија, Дата центри, Телефонија, VoIP, Сервери и фарми на сервери, Економично поврзување на оддалечени канцеларии, Firewall, Антивирус и интернет заштита, Софтвер и GIS системи, и друго. Придобивките од нашите решенија се: Едноставна и сигурна комуникација, размена и чување на податоци, економичност и заштеда на средства и време, заштита на податоци од несакан упад, и друго.
Нашата компанија е во постојан чекор со новитетите на светскиот пазар и ги следи и гради нови системски решенија. Можете да се ослонете на нашиот стручен тим за проектирање и изведба на вашето системско комуникациско решение, согласно вашите сегашни и идни потреби.
Нашиот тим се состои од сертифицирани и искусни проектанти и инсталатери, обучени и запознаени со опрема од разни производители. Согласно тоа, зависно од вашите потреби, можеме да ви помогнеме да ги уживате придобивките од модерните комуникации без главоболки.
Големото искуство, познавањето на постоечката инфраструктура, големата база на податоци за инсталираната опрема, синхронизираните 3D и 2D карти, следењето на стандардите и искуството со различна опрема и протоколи го прават нашиот стручен тим лидер во проектирањето и инсталирањето на основните и пристапни мрежи.
Тринити системи нуди модерни решенија за видео надзор на своите корисници. Претежно се задржуваме на имплементација на системи засновани на IP камери и IP окружување. Ваквата определба на нашата компанија е заснована на очигледните предности кои модерната IP технологија ги нуди во однос на аналогните системи...
Нашите IP PBX решенија се интегрирани комуникациски системи со напредни функционалности за Аудио, Факс, Видео и Податоци, интеграција со PSTN, ISDN, GSM, SIP, VPN, Internet, и димензионирани се за мали и средни претпријатија. Решенијата кои ги нудиме се скалабилни и даваат можност за идно надополнување.