ЕНЕРГЕТИКА
ФОКУС – Како важен дел од расположливоста на телекомуникацискиот систем и неговото правилно функционирање, во склоп со останатите телекомуникациски услуги, нашата компанија нуди и ниско напонска инсталација и опрема. Овој дел комуникациското решение е често потценет од инвеститорите, а проблемите настануваат при лошо проектирање и неодржливост на мрежата, при прекини на доводот, при пренапони и оштетување на опремата, при електромагнетни пречки во нормалното функционирање на опремата…
Нашите услуги во областа на ниско напонската (струјна) инсталација вклучуваат:
- Проектирање: Детално планирање на потребната инсталирана моќност, планирање и интеграција на уреди за непрекинато напојување (UPS, Агрегат), заземјување, заштитата од пренапони, проектирање на разводните ормари, исцртување на каблирањето во CAD/Visio со изработка на премер на количини.
- Енергетска согласност: Изработка на документација и посредување за добивање на енергетска согласност.
- Продажба: Нудиме производи од повеќе реномирани производители на опрема и софтвер (ормари, кабли, осигурувачи, склопки, преклопки…)
- Инсталација: Инсталирање на канали, ормари, кабли придржувајќи се до последните стандарди.
- Изведбена документација: Исцртување и обележување на изведената инсталација.