Joom!Fish config error: Default language is inactive!
 
Please check configuration, try to use first active language

ВИДЕО НАДЗОР

ВИДЕО НАДЗОР

Тринити системи нуди модерни решенија за видео надзор на своите корисници. Претежно се задржуваме на имплементација на системи засновани на IP камери и IP окружување. Ваквата определба на нашата компанија е заснована на очигледните предности кои модерната IP технологија ги нуди во однос на аналогните системи, кои врвот на својот развој го доживеа во изминативе години, но чии карактеристики дури и на најдобрата опрема заостануваат зад квалитетот и можностите на современите системи.

Наши принципали кои нудат уреди за ваков тип на решенија се:

- TP Link

- Vivotek

како и принципали чии производи користиме за интегрирано решение:

- Draka

- Unikom и др.

Во понатамошниот текст најпрво ќе се осврнеме на предностите кои новите дигитални системи ги нудат над аналогните, а потоа на ќе направиме краток осврт на уредите кои ние ги сметаме за најпопуларни за ваков тип на системско решение.

Секако нашата компанија нуди и уреди и решенија кои не се опишани во понатамошниот текст во интерес на просторот. Поради тоа доколку сте заинтересирани за производи од ваков тип, слободно контактирај те не да ви предложиме соодветно решение.

 

ПРЕДНОСТ НА IP НАД АНАЛОГНИТЕ СИСТЕМИ

ЗА ВИДЕО НАДЗОР

Предноста на IP над аналогните CCTV камери е очигледна пред се во однос на подобриот квалитет на сликата. На крај, намената на системот на видео надзор е јасно да се забележи се што се случува. Сте слушнале ли некогаш дека некој е фатен и препознаен при вршење на нелегално дејство од систем со аналогни камери? Најчесто сликата од ваквите системи е замачкана и некорисна за полицијата. Факт е дека традиционалните CCTV камери го достигнаа крајот на својата еволуција и не можат да се натпреваруваат со високата резолуција на IP камерите.

На првата слика, двете камери се поддесени да покриваат исто видно поле. Од истата може да се заклучи дека во тој случај, IP камерата дава 3 пати поголема слика, односно многу повеќе детали од аналогната.

На втората слика двете камери се подесени да покажуваат слика со ист квалитет на детали. Во тој случај може да се забележи дека IP камерата покрива 3 пати поголема област од аналогната камера.

Замислете како би изгледала разликата во сликите доколку беше употребена 10 Мегапикселна IP камера! Ова го потврдува фактот дека аналогните камери се далеку надминати.

Јасност на слика при надзор на подвижни објекти

Дури и кај аналогните камери со највисоки резолуции кои постојат, јасноста на сликата при снимање на подвижни објекти, како човек што трча или кола во движење, претставува голем проблем. Ова е поради фактот што аналогниот систем, дури и кога се снима на DVR, врши интегрлација за да создаде слика, односно парните и непарните линии од сликата се прикажуваат како две слики една по друга што создава замачканост. Разликата од снимената слика со дигитална и аналогна камера е прикажана на следниве слики:

Мрежен видео сервер наспроти DVR

Mногумина тврдат дека DVR системот за снимање по карактеристики е ист како Мрежниот видео сервер. Иако квалитетот на снимката кај DVR-от, бидејќи записот е дигитален, е многу поквалитетен од системите базирани на VHS, сепак бидејќи сигналот не е дигитален истите не можат да се класифицираат како IP. IP базираниот видео сервер има многу карактеристики кои се значително подобри од DVR системот: многу е поедноставен, лесен за употреба од страна на корисникот, поседува значително поголемо време на снимање, поседува многу понапредни можности за пребарување, можност за WEB базирано следење и напредна контрола на пристап.

Сумирано, останати предности на IP базираните системи за видео надзор над аналогните се следните:

1) Кај системите засновани на IP камери вмрежувањето е поедноставно, можат да се искористат и постоечки IP мрежи, а со самото тоа, истото е пофлексибилно (поедноставно е преместувањето на друго место) и поевтино. Во голем број на случаи оваа цена ја компензира нешто поголемата цена на чинење на IP камерите.

2) Поради начинот на пренос на сигналот, кој кај IP камерите е дигитален, тие се многу поотпорни на шумов, брум и разни електромагнетни влијанија во однос на аналогниот пренос, кај кој вакви влијанија можат значително да го нарушат квалитетот на сликата. Кај IP камерите енкрипцијата на преносот е едноставна и преносот на поголеми растојанија е лесно решлив.

3) IP камерите претежно имаат многу повеќе функции и можности кои тешко се имплементираат кај аналогните камери:

a) Дневен и Ноќен режим на снимање (Day/night камери поедноставно и подобро се решени од аналогните),

b) Сензори на движење кои локално можат да вклучат некоја функција,

c) Директна контрола и дигитален зум на сликата,

d) Двонасочно аудио и др.


ISO 9001:2008

Тринити Системи поседува сертификат ISO 9001:2008

Компанијата го штити сопственото име за кое веќе има стекнато кредибилитет, со цел истиот да го надоградува  повеќе

Корисници

Компании кои ги користат нашите услуги

Бројот на корисници говори за квалитетот на услугите кои ги нудиме. повеќе

Успешна соработка

Референци

  • Инсталација на GSM Базни станици за ВИП
  • Проектирање, Инсталација и Одржување на основната ... повеќе

Контакт

Ул. 852, бр. 62 (Нова газела)

1000 Скопје, Македонија

info@trinity-systems.com.mk

Тел: 02 2573 770

Факс: 02 2573 780