fxo gatewayFXО и FXS gateway, се портали за аналогни телефони, односно аналогни PSTN линии. Првите, FXO gateway, вршат терминација на аналогните телефони на Ethernet мрежата, односно овозможуваат поврзување на аналогни телефони на SIP линија. Вторите, FXS gateway, вршат терминација на PSTN линија (дојдовна линија од Телеком оператор) на Ethernet, односно овозможуваат формирање на интерконекција (Trank) на IP централата со аналогна линија.

Овие уреди се врзуваат со централата преку Ethernet мрежа, што овозможува флексибилност истите да не бидат во непосредна близина со самата централа за интерконекција. Доколку ваков уред се постави во оддалечена локација, истата преку Ethernet/Internet мрежата се врзува на IP PBX централата, така да оддалечената канцеларија може да зборува како во локал така и да има излез преку централната локација. fxo gateway
Ова не е врзано со тоа каде се наоѓаат двете локации, ист град, иста држава, различни држави. Во случај доколку се во различни држави, Поставувањето на FXS gateway, во оддалечената локација би значело повици кон било кој телефон во таа држава без плаќање на интернационални сметки, што за некои бизнис окружувања би значело и значителна заштеда.

fxo gatewayНашата компанија нуди ваков тип на производи од компанијата Grandstream. Во нејзината производна програма се FXO и FXS уреди со различен број на порти (2, 4, 8, 16), како и уреди со мешани FXO и FXS порти. За конкретна ваша потреба, контактирајте го нашиот стручен тим.

 

Close Menu