ФОКУС – Нашите решенија се фокусирани на: Корпоративни IT решенија, Дата центри, Телефонија, VoIP, Сервери и фарми на сервери, Економично поврзување на оддалечени канцеларии, Firewall, Антивирус и интернет заштита и друго. Придобивките од нашите решенија се: Едноставна и сигурна комуникација, размена и чување на податоци, економичност и заштеда на средства и време, заштита на податоци од несакан упад, и друго.

Енергетика

Како важен дел од расположливоста на телекомуникацискиот систем и неговото правилно функционирање, во склоп со останатите телекомуникациски услуги, нашата компанија нуди и ниско напонска инсталација и опрема. Овој дел комуникациското решение е често потценет од инвеститорите, а проблемите настануваат при лошо проектирање и неодржливост на мрежата, при прекини на доводот, при пренапони и оштетување на опремата, при електромагнетни пречки во нормалното функционирање на опремата…

Нашите услуги во областа на ниско напонската (струјна) инсталација вклучуваат:

  • Проектирање: Детално планирање на потребната инсталирана моќност, планирање и интеграција на уреди за непрекинато напојување (UPS, Агрегат), заземјување, заштитата од пренапони, проектирање на разводните ормари, исцртување на каблирањето во CAD/Visio со изработка на премер на количини.
  • Енергетска согласност: Изработка на документација и посредување за добивање на енергетска согласност.
  • Продажба: Нудиме производи од повеќе реномирани производители на опрема и софтвер (ормари, кабли, осигурувачи, склопки, преклопки…)
  • Инсталација: Инсталирање на канали, ормари, кабли придржувајќи се до последните стандарди.
  • Изведбена документација: Исцртување и обележување на изведената инсталација.
Close Menu