ПРИДОБИВКИ – Придобивките од нашите решенија се: Ефикасно и економично решение согласно барањата на корисникот, брза и квалитетна изведба, Ефикасно одржување. Сродни услуги кои ги нуди нашата компанија: Оптички мрежи.

Безжичните комуникации се белег на нашето време, чии раст и експанзија нашиот стручен тим го следи и развива долго време. Големото искуство, познавањето на постоечката инфраструктура, условите и проблемите врзани со локациите, големата база на податоци за инсталираната опрема, синхронизираните 3D и 2D карти, следењето на стандардите и искуството со различна опрема и протоколи го прават нашиот стручен тим лидер во проектирањето и инсталирањето на основните и пристапни мрежи.

Безжични решенија

Со оглед на фактот дека нашата компанија располага со стручност, сертификати, искуство и екипираност за поддршка и изведба на сите фази на градба на еден систем, почнувајќи од барање локации, легализација, изградба, инсталација, пуштање во работа и одржување со минимално ангажирање на трети лица и компании, со сигурност во нас ќе најдете сигурен и одговорен партнер и најконкурентни цени за комплетно решение, а при тоа ќе ги елиминирате проблемите од префрлање на одговорност од еден на друг изведувач.

Нашите услуги во областа на безжичните решенија вклучуваат:

  • Консултантски услуги: Избор на опрема и технологија врз основа на потребите на корисникот и планот за развој.
  • Проектирање: Избор на локации, радио планирање, покриеност и достапност на сервиси на територија, расположливост и сигурност на системот, како и проектирање на потребна моќност.
  • Продажба: Нудиме производи од повеќе реномирани производители на опрема.
  • Аквизиција и легализација: Пронаоѓање на поволна локација, посредување при договор и изработка на документација и проекти за добивање на градежна дозвола.
  • Градба: Проектирање и изградба на телекомуникациски објекти.
  • Инсталација: Инсталирање на опремата и пуштање во работа.
  • Одржување: Екипа за одржување достапна и на располагање 24 часа на корисникот.
Close Menu