Модерните системски решенија во оваа област нудат значително подобрување во организационата моќ и заштитата на податоците и добрата на компанијата од една страна (видео надзор, алармни системи, противпожарни централи, евиденција на пристап и работно време) и заштедата на енергија од друга страна (автоматизација на климатизација и вентилација, осветлување, греење). Дел од овие системи се и обврнички според важечките закони на Република Македонија. Градењето на сите овие под системи независно и без интеграција во еден комплетен систем чини поскапо и губи од функционалностите и подобностите кои компанијата може да ги ужива.

Нашите услуги во областа на автоматизацијата и видео надзорот вклучуваат:

  • Проектирање: Детално планирање на цел систем или под систем со јасна визија за понатамошна интеграција, согласно важечките закони во Р. Македонија и според бараната функционалност од страна на корисникот и исцртување и точно позиционирање на сензорите и камерите во CAD/Visio со изработка на премер на количини.
  • Продажба: Нудиме производи од повеќе реномирани производители на опрема и софтвер (камери, алармни уреди, против пожарни аларми, читачи на картици, сензори за температура, сензори за осветлување, димери, управувачки склопки…)
  • Инсталација: Каблирање и интеграција на уредите во систем или под систем.
  • Изведбена документација: Исцртување и обележување на изведената инсталација.
  • Обука: Обука на персоналот за начинот на користење за правилно функционирање на системот.
  • Одржување: Одржување на системите.
Close Menu