Joom!Fish config error: Default language is inactive!
 
Please check configuration, try to use first active language

Оптички кабли

Оптички кабли

ПРИДОБИВКИ

Придобивките од нашите решенија се: Ефикасно и економично решение согласно барањата на корисникот, брза и квалитетна изведба, Ефикасно одржување.

Брзиот и бескомпромисен развој на модерните телекомуникациски системи и развојот на сервисите и апликациите, предизвикува потреба од сè поголем капацитет на пренос на податоци како низ основната мрежна инфраструктура така и до пристапните кориснички точки. Поради ова инфраструктурата со оптички кабли рапидно ја заменува постоечката со бакарни кабли, почнувајќи од основната мрежа, па во последно време и до локалните пристапни точки и до „малите“ домашни потрошувачи (FTTH).
Нашата компанија располага со стручност, сертификати за проектирање и инсталација, искуство и екипираност за поддршка и изведба на еден систем со оптички кабли, почнувајќи од проектирање,  легализација,  инсталација, пуштање  во  работа  и  одржување,  во согласност со важечките процедури и стандарди на Република Македонија.

Покрај изградбата на нови системи, нашата компанија е во можност да изготви проекти и изведе проширување на капацитетите на постоечката оптичка инфраструктура како и надзор и алармирање при промена на дефинираните прифатливи параметри, што е исклучително важно за сопствениците на инфраструктура која е со мал капацитет или за неа се потребни строги услови за расположливост.
Нашите услуги во областа на инфраструктурно каблирање со оптички кабли вклучуваат:

  • Консултантски услуги: Избор на опрема и технологија врз основа на потребите на корисникот и планот за развој.
  • Проектирање: Избор на траса и исцртување на карта во електронски формат, планирање на слабеење и изработка на премер на количини.
  • Продажба: Нудиме производи од повеќе реномирани производители на опрема.
  • Аквизиција и легализација: Посредување при договор со сопственици на имот низ кој треба да помине трасата и изработка на документација и проекти за добивање на градежна дозвола.
  • Инсталација: Инсталирање на опремата и оптичката инфраструктура и пуштање во работа.
  • Одржување: Екипа за одржување достапна и на располагање 24 часа на корисникот.

ISO 9001:2008

Тринити Системи поседува сертификат ISO 9001:2008

Компанијата го штити сопственото име за кое веќе има стекнато кредибилитет, со цел истиот да го надоградува  повеќе

Корисници

Компании кои ги користат нашите услуги

Бројот на корисници говори за квалитетот на услугите кои ги нудиме. повеќе

Успешна соработка

Референци

  • Инсталација на GSM Базни станици за ВИП
  • Проектирање, Инсталација и Одржување на основната ... повеќе

Контакт

Ул. 852, бр. 62 (Нова газела)

1000 Скопје, Македонија

info@trinity-systems.com.mk

Тел: 02 2573 770

Факс: 02 2573 780