Joom!Fish config error: Default language is inactive!
 
Please check configuration, try to use first active language

Енергетика

Енергетика

ФОКУС

Нашите решенија се фокусирани на: Корпоративни IT решенија, Дата центри, Телефонија, VoIP, Сервери и фарми на сервери, Економично поврзување на оддалечени канцеларии, Firewall, Антивирус и интернет заштита и друго. Придобивките од нашите решенија се: Едноставна и сигурна комуникација, размена и чување на податоци, економичност и заштеда на средства и време, заштита на податоци од несакан упад, и друго.

Како важен дел од расположливоста на телекомуникацискиот систем и неговото правилно функционирање, во склоп со останатите телекомуникациски услуги, нашата компанија нуди и ниско напонска инсталација и опрема. Овој дел комуникациското решение е често потценет од инвеститорите, а проблемите настануваат при лошо проектирање и неодржливост на мрежата, при прекини на доводот, при пренапони и оштетување на опремата, при електромагнетни пречки во нормалното функционирање на опремата...

Нашите услуги во областа на ниско напонската (струјна) инсталација вклучуваат:

  • Проектирање: Детално планирање на потребната инсталирана моќност, планирање и интеграција на уреди за непрекинато напојување (UPS, Агрегат), заземјување, заштитата од пренапони, проектирање на разводните ормари, исцртување на каблирањето во CAD/Visio со изработка на премер на количини.
  • Енергетска согласност: Изработка на документација и посредување за добивање на енергетска согласност.
  • Продажба: Нудиме производи од повеќе реномирани производители на опрема и софтвер (ормари, кабли, осигурувачи, склопки, преклопки...)
  • Инсталација: Инсталирање на канали, ормари, кабли придржувајќи се до последните стандарди.
  • Изведбена документација: Исцртување и обележување на изведената инсталација.

ISO 9001:2008

Тринити Системи поседува сертификат ISO 9001:2008

Компанијата го штити сопственото име за кое веќе има стекнато кредибилитет, со цел истиот да го надоградува  повеќе

Корисници

Компании кои ги користат нашите услуги

Бројот на корисници говори за квалитетот на услугите кои ги нудиме. повеќе

Успешна соработка

Референци

  • Инсталација на GSM Базни станици за ВИП
  • Проектирање, Инсталација и Одржување на основната ... повеќе

Контакт

Ул. 852, бр. 62 (Нова газела)

1000 Скопје, Македонија

info@trinity-systems.com.mk

Тел: 02 2573 770

Факс: 02 2573 780